• Course Code:  BALM1.2ma

  • Term:  Self paced

  • Open for Enrollment

  • Self-paced

  • Course Author(s)
    Александар Манасиев
Main picture 01 01

Мобилно новинарство - почетен курс

Self paced

  • Circles
    Thomson Foundation
    Instructor
  • Aoh14gi kpsbtehlujn4wagv5rrcc2e9ksp7aohejaun3a s1024?1586773549
    Aleksandar Manasiev
    Instructor
  • New anonymous user medium
    Maja Vasic-Nikolic
    Instructor

Description

На овој курс ќе ги научите основите на мобилното новинарство преку вежби за креирање моќни фотографии, снимање аудио и видео како и монтирање на новинарски приказни на мобилен телефон.

Ќе научите како да преземете контрола над вашиот паметен телефон и како да размислувате како мобилен новинар. Овој курс ќе ви понуди вештини кои може да ве направат подобри новинари и посамостојни креатори на медиумска содржина.

 ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ:

  • Основи и предности на мобилното новинарство
  • Како да преземете контрола над камерата на вашиот мобилен телефон
  • Како да снимите квалитетни фотографии, аудио и видео снимки со вашиот паметен телефон
  • Како да монтирате новинарски приказни со бесплатни апликации на вашиот мобилен телефон

 ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ИНСТРУКТОР:

 

АЛЕКСАНДАР МАНАСИЕВ е наградуван новинар од Македонија чии новинарски приказни се објавени во над 50 медиуми во балканскиот регион и пошироко. Има новинарско искуство од повеќе од 17 години работејќи во печатени медиуми, телевизија и дигитални медиуми.

Главен уредник е на дигиталниот медиум Види Вака и последниве години успешно експериментира со нови форми на дигитално раскажување на новинарски приказни.

СОДРЖИНА НА КУРСОТ:

 Дел 1  дава преглед на курсот и го објаснува концептот на мобилното новинарство.

 Дел 2 ги опишува предностите на мобилното новинарство и потребната опрема за завршување на овој курс

 Дел 3 го опишува првиот аспект на мобилното новинарство- фотографијата и начините како да се создаде моќна фотографија со мобилен телефон

 Дел 4 го објаснува вториот елемент на мобилното новинарство- видеото и начините како да се создаде квалитетна видео содржина со мобилен телефон.

 Дел 5 е посветен на снимање квалитетно аудио со помош на мобилен телефон.

 Дел 6 го објаснува последниот дел – монтирање на новинарски прилози на мобилен телефон со помош на бесплатна апликација.

За овој курс ќе ви требаат приближно 4 часа за да го завршите низ повеќе сесии.

×
One Last Thing!

Check your email inbox and click on the email verification link we just sent you.

If it doesn’t reach your inbox in a few moments, it might be in your spam folder. Don’t forget to add our email address to your contacts if it did end up in spam! That’ll make sure it doesn’t happen again.

As soon as you’ve verified your email, you’ll be able to continue.


Continue

×

Confirm Payment

Payment Unavailable. Try again later.

Мобилно новинарство - почетен курс

Free


Credit Card
PayPal