• Course Code:  BALM2.1ma

  • Term:  Self paced

  • Open for Enrollment

  • Self-paced

  • Course Author(s)
    Aleksandar Manasiev
Celokupna2 01 01

Новинарство на повеќе платформи - почетен курс

Self paced

  • Circles
    Thomson Foundation
    Instructor

Description

Добре дојдовте на курсот „Новинарство на повеќе платформи“

Овој курс е вашата почетна точка да станете новинар кој може да размислува и да работи на повеќе платформи одеднаш, креирајќи ангажирана новинарска содржина за поголема публика.

Преку курсот ќе ги научите основите за тоа како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата. Ќе дознаете како се менуваат навиките на публиката во денешно време и каква содржина бара и очекува денешната публика, каде ја очекува таа содржина, на кои платформи и во кое време. 

Ќе научите како треба да реагираат медиумските организации на овие промени и кои се најдобрите практики за таргетирање публика на различни платформи.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ:

  • Како се менуваат навиките на публиката за следење вести под влијание на технологијата.
  • Каква содржина очекува публиката на различни платформи.
  • Како се приспособуваат медиумите кон променливите навики на публиката.
  • Како да креирате и да приспособите вести за повеќе платформи. 

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ИНСТРУКТОР:

АЛЕКСАНДАР МАНАСИЕВ е наградуван македонски новинар, медиумски консултант и тренер со повеќе од 17 години искуство во печатени медиуми, телевизија и дигитални медиуми. Во последните четири години, до неодамна, беше главен уредник на дигиталниот медиум „Види Вака“. Заедно со тимот експериментираше со нови форми на дигитално раскажување новинарски приказни.

СОДРЖИНА НА КУРСОТ:

Дел 1  дава преглед на курсот и темите што ќе бидат опфатени и ве запознава со инструкторите.

 Дел 2 ги опишува навиките на публиката при следење вести на различни платформи.

 Дел 3  низ практичен пример се опишува процесот на приспособување вести за различни платформи.

 Дел 4 ги опфаќа клучните поенти и крајни совети за приспособување вести за различни платформи. 

Во посебните делови на овој курс има практични вежби и прашалници. Потребно е сите да ги завршите и да ги пополните за да го стекнете соодветното знаење, но и  сертификатот за успешно завршен курс. 

 

За да го завршите овој курс ќе ви требаат приближно 4 часа, низ повеќе сесии.

×
One Last Thing!

Check your email inbox and click on the email verification link we just sent you.

If it doesn’t reach your inbox in a few moments, it might be in your spam folder. Don’t forget to add our email address to your contacts if it did end up in spam! That’ll make sure it doesn’t happen again.

As soon as you’ve verified your email, you’ll be able to continue.


Continue

×

Confirm Payment

Payment Unavailable. Try again later.

Новинарство на повеќе платформи - почетен курс

Free


Credit Card
PayPal