• Course Code:  TM18-EUWB-01.1mac

  • Term:  Self paced

  • Open for Enrollment

  • Self-paced

  • Course Author(s)
    Наташа Ковачев
Banner 1

Западен Балкан – Како да се остане безбеден при покривање протести – за новинари

Self paced

  • Circles
    Thomson Foundation
    Instructor

Description

Како новинари, ние обично на прво место ја ставаме приказната и за нашата безбедност мислиме само кога ќе се случи потенцијално опасна ситуација. Овој курс ќе ви помогне соодветно да се подготвите за покривање на протести и да знаете како да реагирате ако тие станат насилни. Ќе научите како да ја подготвите и заштитите вашата опрема така што нема да го загубите собраниот материјал. Кои се вашите законски права? Какви дејствија можат да преземат полицајците против вас на протести? Како да се однесувате ако ве уапсат? Ова се некои од многуте прашања кои исто така ќе бидат одговорени на курсот. И на крајот, никој не останува недопрен по сведочење или искусување на трауматични настани. Затоа последната глава е наменета за менталното здравје и добросостојбата на новинарите кои биле на насилни протести.

 

Што ќе научите

    • Ќе научите зошто покривањето на протести стана една од најризичните работи во новинарството. 
    • Ќе откриете како стои Западниот Балкан во однос на безбедност на новинари кога покриваат протести во споредба со останатиот дел од светот. 
    • Ќе научите за можните опасности со кои ќе морате да се соочите ако известувате од насилни протести.
    • Ќе научите како да планирате пред да одите на терен, за што да бидете свесни, што да понесете со себе и каква заштитна опрема може да ви биде потребна. 
    • Ќе научите како да се справувате со солзавец, како да ѝ се обраќате на полицијата, како да се однесувате во случај на стампедо. 
    • Ќе ви бидат претставени вашите законски права како новинари – што можете да снимате или фотографирате и што може и што не може полицијата да бара од вас да направите. 
    • Ќе ви бидат претставени техники за дигитална безбедност, како да го заштитите телефонот или компјутерот и како комуницирањето да ви биде безбедно и шифрирано. 
    • Ќе научите како да го минимизирате стресот и како да ги препознавате знаците кои ви покажуваат дека е време да побарате професионална помош.
    • Запознајте ги инструкторите

Наташа Ковачев, ваша инструкторка на курсот, е искусна репортерка која покривала многу протести во земјите од Западен Балкан и низ Европа. Таа моментално работи за телевизијата Н1 од Србија, а претходно беше дописник за „Ал Џазира Балканс“. Работата на терен ја довела до многу точки на немири како Украина во 2014 година, Брисел и Анкара по бомбашките напади, Букурешт за време на големите демонстрации против корупцијата, па таа лично видела кои се потешкотиите со кои може да се соочат репортерите.  

На Наташа ќе ѝ се придружи силен тим на медиумски експерти:

Џудит Матлоф, новинарка, долгогодишен воен дописник, медиумски експерт за безбедносни прашања и професор по известување од  кризи при Школата за постдипломски студии по новинарство при Универзитетот „Колумбија“.

Андреј Петровски, директор на Tech/CERT во фондацијата SHARE, со искуство во едукација во софтверско инженерство и мастер студии по електронски криминал и дигитална форензика.

Иван Брешковски, независен адвокат во областа на граѓанско и кривично право и советник на Здружението на новинари на Македонија околу новинарските права и слободи.

 

Преглед на курсот

    • Дел 1 ви дава краток преглед на курсот и ги претставува обучувачот и медиумските експерти кои ќе го споделат нивното знаење и искуство. 
    • Дел 2 ви го претставува покривањето насилни протести користејќи го искуството од неодамнешните протести во земјите од Западен Балкан, Европа и Соединетите Американски Држави. 
    • Дел 3 ве учи како да направите план и да се подготвите за протест кој може да стане насилен. 
    • Дел 4 ве носи на терен и ви покажува како да се однесувате додека покривате протест за да останете безбедни и да си ја работите работата. 
    • Дел 5 ви нуди преглед на вашите законски права на протест.  
    • Дел 6 се однесува на важна тема – дигитална безбедност. Ова е главата каде можете да научите како да ги заштитите вашите уреди и како лесно да го испратите вашиот материјал во редакција дури и кога полицијата и демонстрантите се обидуваат да ве спречат да го сторите тоа. 
    • Дел 7 е посветен на вашата добросостојба – како да препознаете и како да се справите со голем стрес, кој може да се појави како последица по покривање на насилни протести. 

Посветено време 

Овој курс можете да го завршите за 4 часа во неколку сесии. 

 

×
One Last Thing!

Check your email inbox and click on the email verification link we just sent you.

If it doesn’t reach your inbox in a few moments, it might be in your spam folder. Don’t forget to add our email address to your contacts if it did end up in spam! That’ll make sure it doesn’t happen again.

As soon as you’ve verified your email, you’ll be able to continue.


Continue

×

Confirm Payment

Payment Unavailable. Try again later.

Западен Балкан – Како да се остане безбеден при покривање протести – за новинари

Free


Credit Card
PayPal